Поврзете се со нас

Италија

Алегри ги „поздрави“ чувствителните ривали од Милано: Ние сме Синер, а Интер е Ѓоковиќ (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcid

Масимилијано Алегри пред неколку дена конечно призна дека Јувентус е во битката за титулата во домашното првенство и посочи дека планот е да му се даде голем отпор на Интер, тим кој според него е апсолутен фаворит за највисок пласман.

Тренерот на Јувентус во досегашниот тек на кампањата даде низа интересни споредби за распоредот на силите во двата тима, но последната шеговита изјава која ја даде не мина баш најдобро во Милано.

Алегри на шега порача дека Интер се „крадци“, а Јувентус „полицајци“ во потерата да се биде најдобар во Италија, па откако доби серија критики од претставниците на миланскиот клуб за ваквата споредба, Макс сега зема пример и од тенисот.

По изненадувачката победа која ја оствари Синер над Ѓоковиќ, Алегри најде инспрација за нова споредба меѓу Јуве и Интер, овојпат јасно „поздравувајќи“ го чувствителниот ривал.

– Поради тоа што сме помлади, ние сме Синер, а тие се Ѓоковиќ. Но, не знам дали треба да зборувам за ова, тие можат да го сфатат на погрешен начин, доста се чувствителни, – изјави Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни