И Алегри фрли масло на огнот околу можното преземање на Јунајтед: Точно е….

maks-jakna

Веќе одреден период се пишува дека Масимилијано Алегри е сериозен кандидат за клупата на Манчестер Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер никако неможе да ги среди работите во клубот, па уште неуспеси речиси сигурно ќе значат дека тој ќе стане поранешен тренер на „ѓаволите“.

Прв фаворит за клупата на англискиот гигант е Масимилијано Алегри, кој даде само краток одговор на новинарско прашање околу можноста тој да се пресели на Островот.

– Точно е, учам англиски затоа што не го зборувам баш добро…- изјави Алегри со што фрли нова искра во шпекулациите кои го поврзуваат со премин на „Олд Трафорд“.

Facebook Коментари