Алегри: Добив повик од Флорентино, но….

alegri-lut-pokazuva

Масимилијано Алегри беше само едно од имињата кои беа сврзани во ист контекст со Реал Мадрид откако Зинедин Зидан сосема неочекувано одлучи да си поднесе оставка, а дека тренерот на Јувентус бил една од првичните желба на Флорентино Перез сега ни откри и самиот Италијанец.

Еден ден по соопштението на Реал во кое се потврди дека нов тренер на тимот ќе биде Хулен Лопетеги, со интересна изјава во италијанската јавност излезе Алегри, потврдувајќи дека имал разговорор со Перез за можно преземање на европскиот шампион.

– Повеќе беше ДА на Јувентус, отколку НЕ на Реал Мадрид. Разговарав со Флорентино, добив повик од него, но го одбив неговиот предлог. Беше праведно да останам бидејќи веќе дадов збор и имав донесено одлука. Мора да се почитува тоа што и го кажав на управата на Јувентус. Во секој случај, му благодарам на Перез за шансата која сакаше да ми ја укаже, – изјави денеска Алегри за „Скај Спорт Италија“.

Facebook Коментари