Алегри детално го изанализира Пеп: Погрешно ја сфаќаме неговата филозофија со години!

Barcelona's coach Josep Guardiola (L) an

Масимилијано Алегри апстинира од фудбалската сцена по разделбата која ја имаше со Јуве изминатово лето, но покрај тоа што најави дека не планира да се враќа на работата до крајот на актуелната натпреварувачка сезона, во ексклузивното разговор кој го направи за еден угледен италијански медиум, одлучи да направи и една интересна анализа за еден од најдобрите тренери во светот.

Алегри признава дека исклучително го цени својот колега Пеп Гвардиола, но исто така заклучува дека целокупната јавност има еден погрешен впечаток за него и неговата филозофија. Италијанскиот стручњак потенцира дека Пеп направил нешто поразлично од другите, нагласувајќи дека клучен фактор за неговото вивнување кон тренерскиот врв биле тројца играчи (Чави, Иниеста и Меси).

– Го следиме Гвардиола многу години, но и натаму погрешно ја сфаќаме и интерпретираме неговата игра и филозофија. Гвардиола покажа дека е исклучителен и посебен, тоа не беше фудбал за сите. Историската Барселона се роди со тројца големи играчи кои притискаа високо и кои не им дозволуваа на противниците да излезат од половината. На тој начин, играчите за врска одат позиција погоре и го напаѓаат просторот, по што дефанзивците доаѓаат дури до средниот ред. Но за да го прави тоа, потребни му беа Иниеста, Чави и Меси. Ние го интерпретиравме тоа како филозофија која може да ја примени секој, но тоа можеа да го прават само тие, – потенцира Алегри во интервјуто за „Кориере дела Сера“.

Facebook Коментари