Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Без Лига Европа ќе ни беше досадно преку недела

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfcen

Јувентус го пречекува Нант во нокаут фазата на Лига Европа, а Макс Алегри денеска одржа прес-конференција посветена на оваа средба.

„Бјанконерите“ по долго време не обезбедија место во најелитното натпреварување, но продолжуваат со големи амбиции и во ЛЕ. Алегри зборувал за средбата и информациите поврзани со составот.

– Натпреварите од Лига Европа ни овозможуваат да го пополниме календарот, бидејќи е подобро да играме почесто.

– Во спротивно би ни било досадно да играме од викенд на викенд. Утре стадионот ќе биде полн, тоа е добар сигнал од фановите и треба да им возвратиме за довербата.

– Го почитуваме Нант, тешко е да се игра против француските екипи, а патникот во следната рунда ќе биде познат по реваншот.

– Што се однесува до фудбалерите, утре Куадрадо ќе добие шанса, додека Бонучи ќе биде во составот за да се адаптира на атмосферата. Погба се уште не е подготвен, го следиме ден за ден, – изјавил Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни