Поврзете се со нас

Германија

Але го постигна првиот гол за Дортмунд, „милионерите“ со фуриозна партија ја продолжија победничката серија (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд продолжија со одличните резултати во оваа календарска година, па така попладнево дојдоа до четвртото славје во низа во Бундеслигата и тооа против Фрајбург кого го разбија на „Сигнал Идуна Парк“ со 5-1

Гостите уште во раната фаза останаа со играч помалку (17 минута-црвен картон), предност која максимално ја искористија избраниците на Терзиќ кои „испукаа петарда“ во мрежата на противникот. Шлотербек во 26 минута го отвори резултатот, но гостите одговорија во финишот на првиот дел преку Холер за 1-1, резултат со кој се замина на пауза.

На стартот на вториот дел Адејеми донесе нова предност за „милионерите“ по што во 51 минута следуваше најемотивниот момент затоа што Але го даде својот прв гол во дресот на Дортмунд, прв по борбата со канцерот на тестисите.

Брант и Рејна погодија до крајот за точка на шоуто. Со 37 бода Дортмунд се израмни со Баерн, тим кој денеска се лизна од водечката позиција откако Унион Берлин го доби Мајнц со 2-1.

Резултати: Келн – Лајпциг 0-0, Борусија Д. – Фрајбург 5-1, Ајнтрахт – Херта 3-0, Унион Берлин – Мајнц 2-1, Бохум – Хофенхајм 5-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни