Поврзете се со нас

Франција

„Алчниот“ Покетино ја „исцедил“ касата на ПСЖ

Објавено

на

Маурисио Покетино и дефинитивно повеќе нема да биде тренер на францускиот тим ПСЖ, а уште утре тоа и официјално ќе биде потврдено.

Него ќе го замени Кристофер Галтие кој досега седеше на клупата на Ница, а сега веќе пред две сезони беше предводник и на Лил тим со кој стигна до врвот во францускиот фудбал.

Уште од поодамна се знае дека Галтие ќе биде нов тренер на ПСЖ, а се чекаше само конечниот договор меѓу клубот и сегашниот стратег, Маурисио Покетино.

Аргентинецот бидејќи има договор до 2023 година барал високо обесштетување за предвремен раскин на договорот и на крајот како што стојат работите успеал да го постигне тоа.

„Ле Паризиен“ пишува дека „алчниот“ Маурисио Покетино отказот од ПСЖ ќе го наплати високи 15 милиони евра, сума која немаше да ја заработи и да го одработеше договорот со „светците“ до самиот крај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни