Поврзете се со нас

Македонија

Алчевски уште долго време ќе биде дел од Академија Пандев

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев потпиша нов долгорочен договор со голманот Марко Алчевски.

Пандевци се решија да го задржат младинскиот репрезентативец дури до 2026 година. Неговиот договор истекуваше за шест месеци, но двете страни седнаа на маса, се договориме и Марко уште неколку години ќе го носи дресот на составот од Струмица.

Од Академија Пандев очекуваат Алчевски да биде еден од темелите на клубот во наредните сезони, а притоа најавија дека ќе продолжат со промовирање и ангажирање на најталентираните играчи во државата и давање шанса за докажување во сениорскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни