Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алборг немаше шанси за нова сензација, Барселона фуриозно до нова титула во ЛШ

Објавено

на

Барселона овојпат ја оправда фаворитската улога на еден завршен турнир во Лигата на шампионите, бидејќи во денешното големо финале во „Ланксес Арената“, не му даде никаква шанса на Алборг.

Данскиот тим кој направи големо изненадување против ПСЖ во полуфиналето немаше сили за нова сензација, откако шпанскиот великан го наметна темпото уште од стартот и не попушти до самиот крај на мечот.

Уште по првото полувреме кое заврши со резултат 16:11 стана јасно дека на Алборг ќе му биде потребно чудо за победа, а во продолжението предноста само растеше и Барселона стигна до брутални плус 13 во едно големо финале.

Алеиш Гомез постигна девет погодоци и беше незадржлив за данската одбрана, шест погодоци имаше Енгесан, а пет голови постигна поранешниот вардарец и шампион со македонскиот тим, Лука Циндриќ.

Барселона на овој начин го прекина постот кој го имаше во најелитното натпреварување во Европа, бидејќи стигна до трофејот во Лигата на шампионите по пауза од пет години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни