Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алборг го детронизираше актуелниот европски шампион, сонот на Хансен останува жив

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/aalborghaandbold

Првото полуфинале во ракометната Лига на шампиони донесе крајно тесен и неизвесен дуел, по кој како победник излезе данскиот претставник Алборг кој славеше во пресметката со Магдебург.

Алборг го детронизираше актуелниот европски шампион и ја доби трилер завршницата со конечни 28:26, а што е најважно, останува жив и сонот на еден од најдобрите ракометари на сите времиња.

Микел Хансен ги освои сите најважни трофеи и медали на репрезентативен план, но никогаш во својата блескава кариера не успеа да ја придодаде титулата во Лигата на шампионите.

Хансен најави дека ќе се пензионира по претстојниот турнир на Олимписките игри, па така утре ќе има голема шанса за остварување на сонот и освојување на титулата во ЛШ во својата последна сезона во кариерата.

Микел денеска придодаде со пет гола во победата на Алборг, најефикасен кај Данците беше Хоксер со осум гола, додека за Магнусон залудни беа десетте постигнати гола за неговиот Магдебург.

Второто полуфинале во Келн го играат Барселона и Кил, а истото стартува во 18:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни