Формула 1
Албон го истрола Алпин и објави во кој тим ќе вози следната Ф1 сезона

Вилијамс денеска ги информираше медиумите за продолжување на соработката со Алекс Албон, а самиот пилот реши да истрола ривалски тим со објавата на социјалните мрежи.
Албон останува во Вилијамс, а тоа го соопшти на начин со кој му фати сеир на Алпин, кој пак вчера се најде во центарот на вниманието поради конфузијата со објавувањето на соработката со Оскар Пјастри.
– Разбрав дека со моја дозвола, Вилијамс објавил соопштение дека ќе возам за нив следната сезона. Ова е точно и потпишав договор со нив за 2023 година, – напиша Албон, алудирајќи на вчерашниот хаос кај францускиот тим.
I understand that, with my agreement, Williams Racing have put out a press release this afternoon that I am driving for them next year. This is right and I have signed a contract with Williams for 2023. I will be driving for Williams next year.
😂 let’s gooo @williamsracing 💪 pic.twitter.com/NNljcXOieE
— Alex Albon (@alex_albon) August 3, 2022
Алпин вчера соопшти дека замена за Алонсо во болидот ќе биде Оскар Пјастри, но возачот објави дека не се согласува со соопштението кое го објавил тимот.
– Разбрав дека без моја согласност, Алпин испратил соопштение дека ќе возам за нив наредната сезона. Тоа не е точно, не сум потпишал договор со нив за 2023-та година. Нема да возам за Алпин наредната сезона, – порачува Пјастри.
-
Англијапред 18 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 22 часа
Ван Дајк со „воспитна“ за Нуњез по кошмарното деби на „Енфилд Роуд“
-
НБАпред 21 час
Дурент се јави со официјален став по шокантните гласини дека размислува за пензија (Фото)
-
Англијапред 20 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Италијапред 21 час
Спалети со „отровна стрела“ за ѕвездата на Наполи: Тимот ќе опстои и без тие што не сакаат да бидат со нас
-
Италијапред 20 часа
Јувентус ја потврди повредата на Ди Марија и ги разочара фановите
-
Светпред 22 часа
Хаос во Бока: Дефанзивецот Замбрано со променет личен опис по тупаницата од Бенедето (Видео)
-
Репрезентацијапред 23 часа
Мукаетов ги пречека златните кадети од Рига и вети дека ќе поделат убава премија (Фото)