Албиол веќе ја замислува шампионската прослава на Наполи: Тоа ќе биде нешто што ќе го паметите цел живот

raul-albiol-238328923

Наполи е лидер во Серија А и има серија од девет последователни победи, па дефанзивецот Раул Албиол веќе размислува како ќе изгледа прославата на Скудетото.

– Знаеме колку им значи Скудетото на навивачите и ние правиме сè што можеме да ги направиме среќни во мај. Оваа авантура на Наполи почна пред пет години. Научивме многу оттогаш и знаеме колку е тешко да се победи во Неапол. Тоа ќе биде нешто посeбно, нешто што се памети цел живот. Се надевам дека ова Скудето ќе биде наше – изјави Албиол за радиото „Кис Кис“.

По 25 кола во Серија А, Наполи има 66 бода, еден повеќе од второпласираниот Јувентус. Рома е далеку назад на третото место во 50 бода.

Facebook Коментари