Поврзете се со нас

Италија

Албертини за тивкиот херој на Милан: Тој ќе стане заштитен знак за клубот!

Објавено

на

Деметрио Албертини е жива легенда на Милан и како фудбалски работник сега дочека титула на „росонерите“ во Серија А по пауза од повеќе од една деценија, нешто што во негово време не беше баш пример за фудбалскиот великан од „Сан Сиро“.

Во своето патешествие во Милано, Албертини освои пет титули во Серија А и два трофеи во Лигата на шампионите, па сега во својата анализа на новиот голем успех во Калчото, поранешниот играч за врска истакна едно име кое не доби толку големо внимание од јавноста во шампионскиот поход.

По освоената титула во Италија, медиумите во фокусот ги ставија Леао, Ибрахимовиќ и тренерот Пиоли, но мора да се признае дека тивок херој беше Тонали кој срамежливо се избори за статус на стартер и постигна неколку клучни гола во завршните неколку рунди.

– Годините, чувството за тоа каде припаѓа и неуморноста се одлука за Италијанците, а Сандро Тонали има се за да стане заштитен знак за Милан како клуб.

– Сега се е во негови раце, ќе биде многу важно ако новите газди го направат него клучен играч во проектот. Играчи како Тонали се клучни за градење проект за иднина. Тој е иднината на Милан, велам дека може да биде симбол за клубот уште откако пристигна, дури и кога имаше моменти кога страдаше и се мачеше на теренот, – вели Албертини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни