Поврзете се со нас

Свет

Албанија му пресуди на Сантош: Левандовски и компанија ќе добијат нов селектор

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Искусниот португалски стручњак, Фернандо Сантош нема повеќе да ја води селекцијата на Полска.

Сантош долго време беше селектор на Португалија, функција која ја извршуваше до Светското првенство во Катар. По лошото издание, резултат на Мундијалот тој си замина, ама за брзо време доби ангажман како главен во Полска.

Ама оваа приказна не се одвиваше како што посакуваше тој и секако Полјаците, забележа три победи и три порази по што фудбалската федерација на оваа земја одлучи да му врачи отказ.

Полјаците пред три дена загубија од Албанија, претходно со многу мака ги совладаа Фарски Острови, па четвртото место во групата е донесе реакција од федерацијата која се ослободи од 68-годишниот Сантош.

Претседателот на федерацијата најави дека наследникот ќе биде соопштен во наредниов период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни