Шпанија
Алба: Знам дека сум еден од најомразените играчи во фудбалот

Жорди Алба веќе со години е дел од Барселона каде е незаменлив во првата постава на шпанскиот великан. Тој во 2012 пристигна на „Камп Ноу“ од редовите на Валенсија и во овој период успеа дури петпати да и се израдува на титулата во Примера, а еднаш го крена и трофејот во Лигата на шампионите.
Секако успесите и добрите партии си носат и негативности, па Алба смета дека тој е меѓу најомразените играчи во светот на фудбалот, а причината за тоа е неговиот стил на игра.
-Јасно е дека ако луѓето ме познаваат само преку фудбалот, тие би помислиле дека сум еден од најомразените играчи во фудбалот, тоа е јасно. Тоа е поради мојот начин на игра, тоа ме водеше да бидам играчот што сум и да бидам таму каде што сум.
-Другите луѓе знаат каков сум, скромна личност која цени сè во мојот живот. Играчот Жорди нема никаква врска со Жорди како човек или Жорди со неговите соиграчи. Да, вистина е дека начинот на кој играм е многу тежок и ја разбирам омразата на луѓето кои ја имаат, а не ме познаваат, -вели големиот борец.

- Англијапред 23 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 22 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 23 часа
Капело за исклучувањето на Фројлер: Судијата го уништи натпреварот