Поврзете се со нас

Шпанија

Алба: Сакам Меси да се врати во Барселона, но…

Објавено

на

foto:www.barcablaugranes.com/

Лионел Меси се уште го нема решено клупското прашања за наредната сезона, а една од опциите според медиумите е да се врати во Барселона.

Тој е под договор со ПСЖ до крајот на месец јуни и во последно време нема јасни најави дека ќе дојде до продолжување на соработката. Сето тоа остава простор за шпекулации, гласини, но и воедно вистинска можност за другите тимови да го привлечат, потпишан преддоговор со него, опција која е возможна во оваа фаза.

Жорди Алба е еден од играчите кој со Меси имаше фантастична соработка во Барселона, играч кој воедно е добар пријател со Аргентинецот, меѓутоа и тој самиот нема информации за тоа дали напаѓачот може да направи кам-бек на „Камп Ноу“.

-Посакувам Меси да се врати, но не знам дали тоа ќе направи. Има договор со ПСЖ и не разговаравме за тоа. Се надевам дека ќе се врати, тоа би било добра работа за клубот и за него, -рече Жорди кој откри дека бил шокиран кога Лео замина од Каталонија во 2021 година.

-Тој ден се чувствував ужасно. Разговаравме кога беше објавено да заминеме. Тој ми рече ќе оди да го потпише договорот. Не можев да верувам кога ја видов веста дека ја напушта Барселона. Останав без зборови две минути, -истакна левиот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни