Поврзете се со нас

Шпанија

Алба: Оваа победа многу ќе ни помогне

Објавено

на

blank

Составот на Барселона не си дозволи нов кикс и славеше над Елче со 3-0 во заостанатиот меч од првото коло во Примера.

Каталонците не беа на посакуваното ниво во првиот дел, но затоа во продолжението покажаа многу повеќе дадоа три гола за три бода со кои се вратија во борбата за врвот во Шпанија.

Еден од погодоците беше дело на левиот бек Жорди Алба кој по средбата порача дека оваа победа им била повеќе од потребна во овој момент по лошата седмица во која претрпеа дебакл против ПСЖ (4-1) за да потоа освојат само бод против Кадиз.

-Оваа победа многу ќе ни помогне околу самодовербата. Ремито со Кадиз беше удар за целиот тим, покажа дека ако не сме на 100 проценти тогаш е тешко да се победи. Се мачевме во неделата, исто и во првото полувреме, ама бевме подобри во второто и головите дојдоа, -истакна Алба.

Сега пред избраниците на Куман се два мече против Севилја, прво во домашниот шампионат, а потоа во Купот на Шпанија каде андалузујците ќе бранат 2-0 на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни