Поврзете се со нас

Свет

Алба испрати „проектил“ за прва плејоф победа на Интер Мајами (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси не успеа да ги реализира своите шанси за да постигне гол на дуелот со Атланта, но Луис Суарез и Жорди Алба се погрижија за победнички старт (2:1) на Интер Мајами во плејофот на МЛС.

Екипата со најдобар скор во регуларниот дел на сезоната успеа да го добие првиот дуел во серијата „подобар од три“ против секогаш незгодната Атланта, единствената екипа која сезонава стигна до победа против тимот од Флорида со Меси во составот.

Суарез уште во 2. минута донесе водство за Интер Мајами, но гостите израмнија пред крајот на полувремето, казнувајќи ги сите нереализирани обиди на домаќинот.

Меси не успеа да реализира ниту во продолжението, но затоа во 60. минута му испрати топка на Алба, кој испрати проектил од голема далечина и ги постави конечните 2:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни