Поврзете се со нас

Свет

Алба и Меси со спектакуларна двојна комбинација спречија пораз во 92. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами имаше тешко гостување кај Лос Анџелес Галакси и беше на работа да претрпи прв пораз во новата сезона, но сепак такво нешто не дозволи славната конекција од Барселона.

Жорди Алба и Лионел Меси посебно се воиграа во завршните неколку години на „Камп Ноу“ и режираа безброј неверојатни комбинации, а сега тоа го прават и во Америка.

Интер Мајами утрово губеше од Галакси до самиот финиш и беше сериозно тестиран, но кога се чинеше дека полека времето истекува, на сцена стапија левиот бек и аргентинскиот мајстор.

Двајцата режираа спектакуларна двојна комбинација и направија две двојни додавања за да ја извадат цела одбрана од игра, по што Аргентинецот го постигна првиот гол во новата сезона.

Претходно, голот за Галакси го постигна Јовелјиќ, а во раната фаза на мечот пенал утна уште еден поранешен член на Барса, Рики Пуч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни