Шпанија
Алба го избра најтешкиот ривал кој го имал на „Ел Класико“ пресметките со Реал: Не престануваше да трча

Жорди Алба се реши за една егзотична авантура надвор од Шпанија и заедно со Серхио Бускетс му се приклучија на Лионел Меси во Интер Мајами, па во период кога далеку порелаксирано ги доживува фудбалските моменти во Европа, легендарниот лев бек најде време за да зборува за најинтересните дуели кои ги имал во кариерата.
Во ексклузивниот разговор кој го имаше за поткастот „Офсајдер“, Алба се наврати на периодот во Валенсија и го посочи играчот кој му го режирал најтешкото фудбалско попладне, но исто така го избра и најтешкиот ривал кој го имал од пресметките со Реал Мадрид.
– Најтешкото крило со кое сум се соочил во кариерата? Секогаш ме прашуваат тоа моите пријатели, но кога ќе го кажам, многумина не ни знаат за кого се работи. Се сеќавам на еден натпревар додека играв во Валенсија, имаше многу сонце тоа попладне и на гости ни дојде Расинг Сантандер.
– Играчот за кој зборувам се викаше Кенеди (Кенеди Бакирчиоглу), имаше малку коса, но леташе по теренот. Направи да се чувствувам фатално на фудбалскиот терен, ми приреди кошмарно попладне на „Месталја“.
– Од подоцнежната фаза во кариерата, би рекол дека најтежок ривал за чување ми беше Ди Марија. Ди Марија беше спектакуларен на „Ел Класико“ пресметките, тој беше многу добар. Кога велам добар, не мислам само на играта во напад, тој се враќаше и во одбрана, едноставно не престануваше да трча. Отсекогаш многу сум го респектирал и ми се допаѓал како играч и се радувам што се уште е активен, – вели Жорди.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони20 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…
-
Лига на шампиони10 часа
Анри објасни зошто Халанд не може да се споредува со Мбапе
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег