Европски првенства
Аларов е на „стенд бај“, одлуката ќе биде донесена во Данска

Михаил Аларов е можната замена за Стојанче Стоилов, кој нема да патува на реваншот со Данска.
Тој е единствениот претставник од клубот „Пролет 62“ на списокот со повиканите ракометари за овој дуел.
Како што претходно објави „Дерби“, Стоилов уште пред првиот настап ја имал обновено старата повреда на рбетот, и на првиот натпревар играл под седативи. Откако денеска биле направени снимки, тој е ослободен од репрезентативните обврски, а стручниот штаб се уште нема донесено одлука кој ќе влезе во игра.
На последниот тренинг во петок попладне, беше лиферувана информацијата дека сите ракометари ќе патуваат со чартер-авионот за Алборг. Конечната одлука ќе биде донесена по тренингот во Данска, со што ќе биде комплетиран списокот на оние што ќе играат в недела.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 24 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 22 часа
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Светпред 11 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 11 часа
Пике со прва реакција откако шесте англиски премиерлигаши го „закопаа“ проектот на Флорентино (Фото)