Поврзете се со нас

Англија

Алардајс распали откако испадна од Премиер лигата: Ова беше професионално самоубиство!

Објавено

на

Foto:twitter.com/LUFC

Сем Алардајс го презема Лидс Јунајтед во многу тешка ситуација со цел да избори опстанок, но освои само еден бод на последните четири меча на кој го водеше тимот и денеска и официјално испаднаа од Премиер лигата.

Биг-Сем се врати во англиската елита со голем ентузијазам и со желба да го задржи Лидс во друштво на најдобрите, но откако не го направи тоа, не пропушти шанса да распали по фудбалерите кои ги тренираше изминативе две-три недели.

Лидс денеска загуби во последното коло од Тотенхем со 1:4 и со пораз се прости од Премиер лигата, а Алардајс забележа три неуспеси и само едно реми во овој краток период, кој малку веројатно е дека ќе се продолжи по денешните зборови на искусниот стручњак.

– Ова беше професионално самоубиство од играчите. Се подготвуваме за секој натпревар, тренираме цела недела, а потоа кога ќе дојде мечот, правиме огромни грешки. Тоа е недозволиво за ова ниво, играчи како Кејн максимално профитираат од такви грешки. Повторно правевме глупости, не може да освојувате бодови ако примате толку голови.

– Сакавме да си одиме со достоинство, но не го видов тоа. Едноставно фалат основните елементи меѓу овие играчи. Навистина е многу жално што овој клуб повторно испаѓа, бидејќи работеше толку напорно да се врати во Премиер лигата. Не знам што ќе биде со мене, треба да видам каква стратегија имаат за теренот, но и надвор од него, – изјави Алардајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни