Алафилип до своја втора победа, генералниот пласман остана непроменет

alafilip-pobeda

Денеска, учесниците на велосипедската турнеја околу Франција на Пиринеите ја возеа шеснаесеттата етапа од Каркасон до Бањер-де-Лишон со должина од 218 километри.

Домашниот натпреварувач Жулиан Алафилип успеа да стигне прв до целта и за 5 часа, 13 минути и 22 секунди ја мина напорната стаза. Зад него, со 15 секунди заостанување остана тројката составена од Шпанецот Горка Исагире, Адам Јејтс од Велика Британија и Бауке Молема од Холандија, додека на три секунди зад нив беше италијанскиот натпреварувач Доменико Поцовиво.

И покрај заостанувањето од неполни 9 минути, разликата меѓу натпреварувачите од првите десет во генералниот пласман остана непроменета. Па, Герајнт Томас со вкупно време 68 часа, 12 минути и 1 секунда е прв пред неговиот сонародник Крис Фрум и Холанѓанецот Том Димулен. Единствена промена по денешната етапа имаше во тимскиот пласман, каде Бахреин-Мерида ја презедоа водечката позиција од Мовистар.

Утре  на програмата повторно имаме планинска етапа на Пиринеите, значително понапорна од денешната, но со должина од само 65 километри од Бањер-де-Лишон до Сен-Лори-Сулан.

Facebook Коментари