Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба за реакцијата со која ги разбесни водечките луѓе и фановите на Баерн: Не сакав да испровоцирам никого

Објавено

на

Давид Алаба на доста специфичен начин си замина од Баерн Минхен и стави крај на својата 13-годишна етапа во Германија без да стави потпис на новиот договор кој му беше понуден, по што како слободен агент се пресели во Реал Мадрид, клуб кој му понуди најдобри услови.

Австрискиот капитен брзо го навлече гневот меѓу фановите на Баерн такашто го бакна грбот на Реал на промоцијата во новиот клуб, па неколку месеци подоцна, почувствува потреба да им се обрати на навивачите кои силно го поддржуваа повеќе од една деценија.

– Денот на промоцијата во Реал беше многу емотивен за мене. Бев многу среќен што конечно завршив во Реал и сакав да покажам колку сум среќен за новиот предизвик. Не сакав да испровоцирам никого со бакнувањето на грбот на Реал, а најмалку Баерн и неговите фанови, – објаснува Давид кој беше нападнат и од актуелниот претседател на Баерн (Хајнер) за својата постапка.

– Минав незаборавни 13 години во Баерн, исполнети со успеси, емоции и позитивни вибрации. Таму се изградив како личност и како фудбалер и фановите секогаш ме поддржуваа. Никогаш нема да ги заборавам, секогаш ќе го почитувам и ќе го сакам Баерн. Ниту една моја акција и реакција нема да го промени тоа, – вели Алаба во интервјуто за „СпортБилд“, во кое дополнува дека е наследник на Рамос, а не негов заменик.

– Бројот 27 кој го носев во Баерн не е дозволен во Шпанија и клубот побара да го носам дресот на дотогашниот капитен. Бројот 4 му припаѓаше на Серхио Рамос, апсолутна легенда на Реал Мадрид. Неговите постапки на теренот и надвор од него направија да биде пример за сите, но јас сум Давид Алаба. Не сакам да се споредувам со него, со никого. Сакам да испишам своја историја во Реал Мадрид, го наследив Рамос, но одам по свој пат. Најважни се моите изданија на теренот, а не дресот кој го имам на грбот, – потенцира Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни