Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид многу потешко од очекувањата ја оствари првата победа во новата сезона во Ла Лига, бидејќи мораше да прави пресврт против повратникот во шпанската фудбалска елита.

Шампионот тргна доста лошо на гостувањето и дозволи Алмерија да поведе со голот на Рамазани, па дури тогаш следуваше сериозен притисок од избраниците на Карло Анчелоти.

Реал создаде многу шанси во првото полувреме, пропушти прилики да се врати во игра, а поништен беше и гол на Васкез поради офсајд ситуација.

Ова го натера Анчелоти да го стави Модриќ во игра на стартот на вториот дел на местото на Камавинга, па како што можеше да се очекува, средниот ред на Реал беше далеку покреативен.

Реал израмни со голот на Васкез по одличната индивидуална акција на Винисиус, но клучниот момент следеше во 75-та минута. Анчелоти го стави Давид Алаба во игра, а овој со својот прв допир со топката изведе ремек-дело и извонредно погоди од слободен удар за 1:2, резултат кој се покажа како конечен на стадионот на Медитеранските игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни