Поврзете се со нас

Германија

Алаба објасни зошто си заминува од Баерн

Објавено

на

Давид Алаба по крајот на оваа сезона си заминува од Баерн Минхен, од клубот на кој му служеше во изминатава деценија и оствари големи успеси со истиот.

Австрискиот репрезентативец реши да не го продолжи договорот и како слободен агент да ја избере новата средина која најверојатно ќе биде Реал Мадрид. Во меѓувреме Алаба треба да ја доврши актуелнава кампања, да одигра уште неколку натпревари пред официјално да се збогува со „баварците“.

Големиот борец признава дека ова била тешка одлука за него, но едноставно му била потребна затоа што сакал нов предизвик во кариерата.

-Секогаш е тешко кога нешто ќе заврши и не е тајна дека овде секогаш сум се чувствувал како дома. Си заминува од Баерн со солза во окото, но истовремено се радувам на мојата иднина. Тоа не беше одлука против клубот, но решив дека би сакал да направам нешто ново и да направам уште еден чекор напред.

-За да пораснете, мора да ја напуштите вашата „зона на удобност“ – и јас намерно го ставам тој збор во наводници, бидејќи тој може да биде погрешно разбран. Во Баерн, очекувањата на теренот се секогаш екстремни од управата, во соблекувалната или од себе. Мислам дека можеби треба да одиш во непознатото за да можеш повторно да созрееш, -вели 28-годишниот Давид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни