Поврзете се со нас

Германија

Алаба: Меѓу Минхен и Мадрид не постои споредба!

Објавено

на

Давид Алаба го навлече гневот кај фановите на Баерн Минхен такашто го бакна грбот на Реал Мадрид уште при својот прв ден во шпанската престолнина, тема која самиот Австриец сега повторно ја отвори во последното интервју кое го направи за „Билд“.

Капитенот на австриската фудбалска репрезентација нагласи дека немал никаква лоша намера и не сакал да ги разлути верните фанови на Баерн Минхен, кој претходно цели 13 години му даваа безрезервна поддршка и гледаа како прераснува од дете во вистински маж.

– Тоа што го бакнав грбот на Реал не значи дека веќе не го сакам Баерн. Промоцијата во Реал беше специјален ден за мене и така се почувствував во тој момент. Тоа беше старт на една нова етапа, но во ниту еден момент не помислив да ги провоцирам фановите на Баерн. Таму минав неверојатни 13 години и секогаш ќе бидам благодарен на фановите и клубот што ми овозможија да се развијам како личност и играч.

– Минхен се претвори во мојот втор дом, не сакав да побудам непријатни чувства кај фановите. Меѓу Мадрид и Минхен не постои споредба. Мадрид не може да се споредува со Минхен. Минхен е мојот втор дом и секогаш ќе ми биде во срцето, – вели стоперот на Реал кој дава коментар и за последното засилување на Баерн, Австриецот Сабицер.

– Сабицер е фантастично момче и голем играч. Има се што е потребно за да биде играч од врвно ниво. Порасна како играч во Лајпциг и многу се радувам што е Австриец и што направи ваков чекор во кариерата. Тој ќе му понуди многу на Баерн, веќе извесно време разговаравме со него за Баерн и му велев дека оди во спектакуларен клуб, – открива Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни