Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба: Клубот не ми даде избор при одредувањето на бројот на дресот

Објавено

на

Давид Алаба денеска ја доживеа својата презентација како играч на Реал Мадрид, на која доби топло добредојде од претседателот Флорентино Перез, но и од сите останати вработени во клубот.

Австрискиот репрезентативец како слободен агент пристигна во шпанската престолнина, па иако беше јасно дека доаѓа за да го пополни местото кое го остави празно Серхио Рамос, денеска стана познато дека ќе го носи и неговиот број во својата етапа во „кралскиот клуб“.

Алаба прифати голема одговорност и ќе ја носи „4-та“ на својот грб, број кој беше симбол за капитенот на Реал кој со години наназад беше вистински лидер на тимот.

– Клубот ми ја понуди „4-та“ и јас со гордост ја прифатив. Знам што значи овој број за Реал Мадрид. Вистинска чест е да се носи овој број и истиот носи дополнителен мотив. Овој број е симбол за сила и лидерство.

– Рамос играше неверојатно добро тука и се претвори во лидер на Реал. Сите го знаеме тоа и добро знам каде доаѓам. Сакам да го испочитувам овој број и да го дадам максимумот. Јас не дојдов да бирам броеви, ми кажаа дека овој дрес е слободен и го прифатив предизвикот. Нема да се споредувам со други играчи, тука сум за да изградам своја кариера, – порача Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни