Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба избра кој број ќе го носи во Реал и ја испрати првата порака по говорот на Перез (Фото)

Објавено

на

Давид Алаба ова попладне и официјално беше претставен како големо засилување за Реал Мадрид за новата натпрвеарувачка сезона, церемонија на која присустуваше претседателот Флорентино Перез, но и најблиското опкружување на австрискиот фудбалер.

Алаба пристигнува во шпанската престолнина како голема ѕвезда која со години играше на врвно ниво во Баерн Минхен, а тоа го нагласи и самиот Флорентино кој не пропушти да потенцира дека Реал и Баерн имаат одлични односи.

– Ти благодарам што го избра Реал Мадрид како следен чекор во кариерата. Пристигнуваш од Баерн Минхен, пријателски клуб во кој освои толку многу титули. Ова е голем ден за тебе и ти посакувам се најдобро во новиот предизвик. Се надевам дека ќе освоиш титули со дресот на Реал Мадрид, – порача Флорентино Перез.

Австриецот реши да преземе голема одговорност и одлучи да го наследи бројот кој го носеше досегашниот капитен Серхио Рамос, па така Алаба се претвора во новата „4-ка“ на „кралевите“.

– Ви благодарам за убавиот пречек, многу сум горд и среќен што ќе го носам дресот на Реал Мадрид. Ќе дадам се од себе за да имам успех. Хала Мадрид, – гласи првата порака на Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни