Поврзете се со нас

Италија

Ал Тани го пренасочува фокусот кон Италија: Катарски интерес за купување на Интер

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Актуелните сопственици на Интер и натаму имаат голем долг кон фондот „Оуктри“, а истиот постојано активира шпекулации дека италијанскиот клуб може да добие нови газди.

Компанијата „Сунинг“ треба да исплати 350 милиони евра до мај 2024 година, а како нова заинтересирана страна се појавува Катарската Исламска банка.

Прв човек на истата е Јасим Бин Хамад ал Тани, кој до неодамна преговараше за преземање на Манчестер Јунајтед од фамилијата Глејзер, но очигледно остана без шанси да стане нов сопственик на премиерлигашот.

Досега кинеските сопственици на Интер бараа инвеститор кој би добил помал сопственички удел, но притисокот ќе се зголемува во пресрет на приближувањето на периодот во кој ќе треба да биде вратен долгот кон американскиот фонд.

Ал Тани понуди 6 милијарди долари за Манчестер Јунајтед, па јасно е дека како претставник на катарските власти може лесно да ја покрие сумата за преземање на италијанскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни