Поврзете се со нас

Свет

Ал Наср се посрамоти во финалето, бесниот Роналдо бараше крај на мечот во 72. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо ќе мора да почека за прв трофеј на официјално натпреварување во Саудиска Арабија (освои еден пријателски Куп), отакако неговиот Ал Наср вечерва доби нова фудбалска лекција од Ал Хилал.

Саудискиот шампион одново демонстрираше моќ против тимот во кој најголема ѕвезда е Роналдо, и тоа во ситуација кога губеше по 45 минути игра во градот Абха.

Кристијано беше стрелец на голот со кој Ал Наср дојде во водство во финалето на саудискиот Суперкуп, но во вторит дел реагираше Ал Хилал со четири гола во 17 минути.

Милинковиќ Савиќ со два и Митровиќ со еден гол се погрижија за експресен пресврт, додека Малком во 72-та минута постигна и гол за 4:1 кој го реши прашањето околу победникот.

По голот на Бразилецот, во центарот на вниманието се најде бесниот и огорчен Роналдо, кој покрај тоа што бараше крај на мечот 20 минути порано, им порача на своите соиграчи дека „спијат“ и дека „ги наполниле гаќите“ од противникот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни