Поврзете се со нас

Свет

Ал Наср го понижи Интер Мајами, Меси влезе во игра на 6-0 за противникот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Тимот на Ал Наср го уништи Интер Мајами со 6-0 во пријателскиот меч кој оваа вечер се одигра во Ријад.

Кај домаќините не настапи првата ѕвезда Кристијано Роналдо, додека пак на спротивната страна Лионел Меси одигра само неколку минути во самиот финиш кога беше се готово на теренот.

Клубот од Саудиска Арабија веќе по 12 минути игра водеше со 3-0 при што еден од головите беше постигнат од преку 50-60 метри, гол на дефанзивецот Лапорт.

Освен некогашниот член на Сити во листата на стрелци се запишаа Талиска (3), Отавио и Маран.

Меси за гостите настапи од 83 минута.

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни