Поврзете се со нас

Франција

Ал-Келаифи удри по Тебас: Кој е тој? Нека се грижи за Ла Лига, тоа е мртва лига!

Објавено

на

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи ги дочека своите пет минути и жестоко му одговори и го нападна првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас имаше остра реакција откако „светците“ го продолжија договорот со Килијан Мбапе, а потоа најави и тужба против ПСЖ и Манчестер Сити кои според него ги кршат правилата, односно поради нивниот начин на функционирање и финансирање и фактот дека не го почитуваат финансискиот фер плеј.

-Тебас? Не го познавам. Нека се грижи за своето првенство, бидејќи тоа е малку мртво и треба да престане да држи лекции. Кој е тој? Не го познавам. Нашиот стил е да не навлегуваме во работите на други клубови, други лиги или федерации, тоа не е наш стил. Но, нема да прифатам други луѓе да ни држат лекции.

-Не ми е гајле што се зборува, искрено, луѓето зборуваат за ова со години. Имаме фудбалски проект да изградиме и ќе продолжиме напред, -порача Ал Келаифи.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни