Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи со ултиматум до градот Париз: „Паркот на принцовите“ не значи ништо без ПСЖ

Објавено

на

Насер Ал Келаифи будно ги следи сите случувања на Светското првенство со оглед на тоа што целиот фудбалски фокус е насочен кон Катар, па иако ужива во мундијалските возбудувања, првиот човек на ПСЖ дава и изјави поврзани за јасните чекори кои сака да ги преземе клубот.

Последното обраќање го искористи за да испрати јасна закана до Советот на Градот Париз, од кој очекува брза разрешница на прашањето кое се одолговлекува и се става во втор план повеќе од пет години.

Ал Келаифи постави ултиматум до градот Париз кога е во прашање „Паркот на принцовите“ и се закани дека ПСЖ ќе изгради нов сопствен и модерен стадион доколку не се комплетира продажбата во брзо време.

– Пет години се обидуваме да го купиме „Паркот на принцовите“ и да биде во наша сопственост. Советот постојано ни вели дека треба да преговараме по изборот на нов градоначалник, постојано се бараат изговори.

– Загубивме пет години со нив, досега можевме да изградиме нов стадион. Многу големи клубови ги модернизираа стадионите, а ние понудивме безброј договори за да го решиме ова прашање. Нема напредок воп реговориме и еве јавно им кажувам дека ќе си одиме ако не ја прифатат нашата понуда. Не се закануваме, нека го сфатат како сакаат. Ќе им подадеме рака и ќе им кажеме збогум. „Паркот на принцовите“ нема никаква вредност без ПСЖ, – вели Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни