Франција
Ал Келаифи: Со Мбапе ја градиме иднината, вечерва ќе имаме 12 противници на „Сан Сиро“

Насер Ал Келаифи нема да биде дел од вечерашното дерби на „Сан Сиро“ меѓу Милан и ПСЖ и причина за тоа е операцијата на коленото која ја направил пред извесно време, но претседателот на „светците“ вели дека сигурно ќе го испрати натпреварот преку ТВ екраните.
„Газета“ стапи во контакт со првиот човек на францускиот првак и одработи интервју како вовед на реваншот меѓу двата тима, разговор во кој Ал Келаифи зборувал за важноста на Килијан Мбапе, но и за фудбалската традиција која се негува во Милано и воопшто на чизмата.
– Килијан продолжува да воодушевува и тој е најдобар играч во светот. Многумина мислат дека тоа што го прави е нормално, но никој не играл во две финалиња на Светско првенство со постигнат хет-трик. Горди сме што тој е лидер на Франција и на ПСЖ. Тој има позитивен ефект врз младите играчи во школата, тој ни помага да ја градиме иднината на клубот, – потенцира Ал Келаифи и додава.
– Нема да ми биде лесно што нема да бидам на трибините, но ќе останам во постојан контакт со Луис Енрике и со Луис Кампос. „Сан Сиро“ има неверојатна историја и традиција.
– Знаеме што не чека, тоа е тврдина во која се чувствувате како да играте против 12 противници. Го обожав Милано, често одам таму на бизнис патувања, но и за уживање. Ќе го гледам мечот на телевизија и се надевам дека ќе гледаме супер меч на два големи клуба, – додава првиот човек на ПСЖ.
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)