Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи со чуден одговор за иднината на Мбапе: Ќе ви кажеме…

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе е во последните месеци од договорот со Пари Сен Жермен, клуб во кој веќе со години е главна ѕвезда, играч околу кого се вртат сите работи.

Во неколку наврати напаѓачот беше на излезни врати од ПСЖ или барем делуваше дека се е подготвено да слета во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа „светците“ секогаш успеваа некако да пронајдат формула за да го задржат.

Дали е возможно ПСЖ за изведе уште едно „чудо“ е голем знак прашалник, веќе неколку реномирани медиуми изминатиов период известија дека Килијан се сели во Шпанија по крајот на актуелнава сезона, а како еден знак, сигнал дека тоа навистина е така е и одговорот на претседателот на францускиот шампион, Насер Ал Келаифи кој секогаш делувал самоуверено и испраќал јасни пораки дека напаѓачот ќе остане во Париз.

-Кога двајцата ќе одлучиме, ќе ви кажеме, -порачал Ал Келаифи.

На оваа тема свој збор имал и претседателот на француската федерација, Филип Диало.

-Не го знам неговиот конечен избор. Ќе почекам, како и многу други, да донесе одлука. Сега тој има клуб и верувам дека Насер Ал-Келаифи е многу подобро информиран од мене за остатокот од кариерата на Килијан Мбапе, -истакнал Диало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни