Поврзете се со нас

Свет

Ал-Келаифи одбил да ја преземе Европската клупска асоцијација

Објавено

на

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ја одбил понудата да биде нов претседател на Европската фудбалска асоцијација (ЕЦА), во која членуваат над 200 клубови од цел континент.

Андреа Ањели си поднесе оставка, истовремено повлекувајќи го Јувентус од членството во ЕЦА, па асоцијацијата сега е во потрага по нов лидер.

Токму Ал-Келаифи бил фаворит, но тој одбил да преземе дополнителна одговорност паралелно со своите актуелни работни обврски.

ПСЖ засега не е вклучен во друштвото на големи клубови кои ја формираа контроверзната Супер лига, но не може докрај да биде јасно какви се плановите на францускиот шампион, кој очигледно сака повеќе време да ја донесе конечната одлука.

Сите 12 клубови кои се основачи на Супер лигата се повлекоа од ЕЦА, a македонски членови во асоцијацијата се Вардар, Работнички и Шкендија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни