Поврзете се со нас

Франција

Ал-Келаифи објасни зошто ПСЖ ја одби лудата понуда на Реал за Мбапе

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен во направи вистински бум во летниот преоден рок во кој донесе голем број на ѕвезди, играчи од светска класа, но и покрај тие вложувања на крајот одлучи да не се откаже од Килијан Мбапе и покрај богатата понуда на Реал Мадрид.

Мбапе е во последната година од договорот и не сака да ја продолжи соработката, па беше големо изненадување што „светците“ рекоа „НЕ“ за понудата вредна над 180 милиони евра. Меѓутоа за ПСЖ парите не се проблем и уште еден доказ за тоа е токму ова, па во објаснувањето зошто францускиот вицешампон донел ваква одлука првиот човек на клубот кратко порача:

-Единствената важна работа е што клубот го почитува финансискиот фер плеј. ПСЖ тоа го почитува, -порача Насер Ал Келаифи.

Навистина останува дилема како клубот од „Паркот на принцовите“ го почитува правилото со оглед на тоа што ги ангажираше Меси, Вајналдум, Рамос, Донарума, Хакими и Мендеш, играчи за кои издвојува екстремно високи плати, а притоа не се ослободи од никој позначаен играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни