Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи: Игрите на Мбапе во Реал? Посакувам само едно нешто……

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Насер Ал Келаифи секојдневно се занимава со сите можни проблематики кои ги има во ПСЖ, но како човек кој напоредно го промовира и паделот како спорт во сериозен подем, првиот човек на „светците“ даде низа интересни изјави во интервјуто за „Марка“.

Катарскиот бизнисмен во споменатиот разговор не можел да ги избегне прашањата за Килијан Мбапе и Луис Енрике, а ако за поранешниот играч на ПСЖ бил исклучително краток, оној за Лучо е навистина долг и само покажува дека има максимална верба во работата на Шпанецот.

– Критиките кои ги добива Мбапе за игрите во Реал? Отсекогаш сум го велел истото. На Килијан му посакувам се најдобро во понатамошниот тек на кариерата, исто како што е случај со сите играчи кои играа за нашиот голем клуб, – вели Ал Келаифи.

– Луис Енрике? Имаше извонредна прва сезона, третпат игравме во полуфинале на Лигата на шампиони и ги освоивме сите други титули. Го трансформиравме тимот и целата наша стратегија како клуб. Ќе бидеме дел и од Светското клупско првенство наредното лето, а во овие моменти кога немаме баш посакувани резултати, треба да останеме сплотени. Имаме фантастичен тренер, имаме фантастичен спортски советник во Луис Кампос и како клуб целосно ги поддржуваме. Поставените темели се цврсти и нашите амбиции не се променети.

– Сакаме Луис Енрике да остане тука со години и во план е нов договор со тренерот. Од него барам само нешто во овој момент, барам повеќе да игра падел. Ќе се обидам да го убедам да биде дел од турнирот во Барселона кој се игра следната недела, – додава Ал Келаифи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни