Поврзете се со нас

Франција

Ал-Келаифи: Градот сака да го избрка ПСЖ од стадионот

Објавено

на

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи денеска јавно се пожалил дека неговиот клуб трпи голем притисок од градските власти во Париз.

ПСЖ со децении игра на „Паркот на принцевите“, но од поодамна постои спор со градот околу можноста за реновирање, односно продажба на стадионот.

– Веќе не сме добредојдени на „Паркот на принцевите“.

– Ни прават притисок да заминеме и веќе сме уморни од несогласувањата.

– Го сакам стадионот, тој е дел од историјата на клубот, секогаш сме целеле на тоа да останаме, но тие имаат поинаква желба. А, ние досега инвестиравме 80 милиони евра на стадион кој не е наш, тоа не би го направил никој друг, – изјавил првиот човек на ПСЖ.

Парижаните играат на овој стадион од 1974 година, а досега клубот не успеал да ја договори сумата за која може да го купи, односно реновира стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни