Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи: ПСЖ го има најдобриот тренер во светот

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Насер Ал Келаифи е задоволен од работата на Луис Енрике на клупата на ПСЖ и како претседател, смета дека клубот го има најдобриот стручњак за актуелниот проект.

Подмладениот тим на ПСЖ се подготвува за многу поамбициозни сезони наредните години, а Ал Келаифи смета дека тоа мора да остане главен императив на францускиот великан.

– Според мене, располагаме со најдобриот тренер во светот за актуелната етапа во која се наоѓаме.

– Тој работи на проект за иднината, резултатите се важни, но во прв план е развојот на екипата.

– Располагаме со еден од најмладите состави во Европа, со просечна возраст од 22,5 години, верувам во проектот и нашиот тренер, – истакнал Ал Келаифи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни