Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи ги откри плановите на ПСЖ за зимскиот преоден рок

Објавено

на

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи ги откри плановите на клубот за зимскиот преоден рок.

На почетокот на наредната година екипите ќе имаат можност да се активираат на пазарот и да направат промени во играчкиот кадар, но кога се во прашање „светците“ тие најверојатно ќе останат мирни кога е во прашање „шопингот“.

-Ќе видиме, ама не верувам дека ќе ангажираме нови играчи. Не ни се потребни. Мора да го задржиме истиот тим. Мислам дека најдовме колективен дух и дека ни е добро, -порача Насер за „Л’Екип“.

ПСЖ загуби само четири бода во 15 кола во Лига 1 и со вкупно 41 поен е на лидерската позиција на табелата.

Кога е во прашање ЛШ тие во осминафиналето ќе се соочат со Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни