Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ал Каби донесе историска титула за Олимпијакос, Фиорентина втора година по ред загуби во финале (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/europacnfleague

Олимпијакос првпат во својата историја дојде во фаза да игра едно финале на најголема сцена, а по 120 минути игра во Атина, грчкиот великан за првпат од постоењето освои европска титула.

На стадионот на лутиот ривал АЕК, Олимпијакос успеа да ја добие драмата со Фиорентина и да постигне гол во 116-та минута, а херој на прилично скромното финале беше најдобриот играч на грчкиот тим, напаѓачот Ал Каби.

Фиорентина втора година по ред ја почувствува мрачната страна на спортот и повторно загуби во финалето на Конференциската лига, бидејќи италијанскиот тим беше неуспешен и во битката со Вест Хем пред 12 месеци.

Двата тима беа премногу внимателни и воглавно пазеа да ја сочуваат својата мрежа, но кога се чинеше дека пеналите се навистина блиску, еден центаршут од левата страна дојде до Ал Каби и овој го искористи првиот добарр потег на мечот за да постигне гол.

Погодокот беше две минути проверуван од ВАР поради можен офсајд, но на крајот беше утврдено дека нема недозволена позиција, по што започна големото славје во Атина.

Голема заслуга за овој успех мора да му се препише и на искусниот Хосе Луис Мендилибар, човекот кој ја донесе првата европска титула за Олимпијакос откако лани ја освои и титулата во Лига Европа со Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни