Поврзете се со нас

Свет

Ал Хилал се мачеше, Нејмар ги налути фановите со неспортски потег (Видео)

Објавено

на

Фото: twitter.com/Alhilal_FC

Ал Хилал потроши многу пари за скапи засилувања, го доведе и Нејмар во своите редови, но вчера едвај извлече реми на натпревар од азиската Лига на шампиони.

Клубот од Саудиска Арабија израмни длабоко во судиското надополнување против Навбахор од Узбекистан, а Нејмар како прва ѕвезда на екипата ги налути неутралните и фановите на противничката екипа.

Бразилецот се однесуваше премногу опуштено на теренот, па во еден момент реши да оттурне противнички играч, во кого подоцна и намерно ја шутна топката.

Нејмар заслужено доби жолт картон, но во Европа за ваков потег можеше да помине и многу полошо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни