Поврзете се со нас

Свет

Ал Хилал потроши цело богатство за Нејмар, па му го раскина договорот со две реченици! (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Alhilal_FC

Ал Хилал пред неполни две години го ангажираше Нејмар како најголема фудбалска ѕвезда во својот проект, но на шест месеци пред истекот на договорот, саудискиот клуб речи предвреме да го раскине истиот.

Нејмар заработи тешка повреда на коленото и вкупно не одигра ниту 500 минути за првиот тим на Ал Хилал, меѓутоа и покрај смешниот учинок, Бразилецот значително си го поправи контото на својата банкарска сметка.

За двегодишниот договоро, на Неј му беа загарантирани околу 300 милиони евра, а ако се земе во предвид дека Саудијците исплатија 90 милиони евра на ПСЖ за да го купат во 2013-та година, испаѓа дека Бразилецот ги чинел водечките луѓе на Ал Хилал околу 400 милиони евра.

Последните информации алудираа на тоа дека клубот целосно го има загубено трпението со Нејмар, па сето тоа резултираше со раскин на договорот кој беше одбележан со кратко соопштение.

– Ал Хилал и Нејмар се договорија да го раскинат взаемниот договор. Клубот сака да искаже благодарност и признание за се она што го направи Нејмар во својата кариера во Ал Хилал, – гласи соопштението од две реченици.

Според последните информации, Нејмар оваа неславна авантура во Саудиска Арабија ја затвора со цел да си ја исполни својата желба, а тоа е враќање во матичниот Сантош со кој има преддоговор за кам-бек на големата сцена во Бразил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни