Поврзете се со нас

Свет

Ал Хилал ќе добие „дебела“ отштета од ФИФА за тешката повреда на Нејмар

Објавено

на

Foto:twitter.com/CBF_Futebol/Vitor Silva / CBF

Нејмар ја доби најлошата можна вест вчеравечер и доби резутлати за најтешката повреда во неговата кариера, поради која сега ќе мора да отсуствува од шест до девет месеци.

Бразилецот се повреди против Уругвај и деталните прегледи покажаа дека се работи за кинење на предниот вкрстен лигамент и менискусот, а овој тежок удар значи дека за него сезоната е завршена.

Нејмар самиот порача дека ова за него е најлошиот момент во животот и побара помош од пријателите и семејството за да излезе посилен во периодот кој претстои, но наспроти шокот, неговата повреда е предмет за анализа и поради обесштетувањето кое ќе го добие Ал Хилал.

Клубовите од неодамна се заштитени со правилникот од страна на ФИФА за тешки повреди заработени за време на репрезентативна пауза, па Ал Хилал дебело ќе ја наплати повредата на Нејмар од светската фудбалска организација.

Како што пренесуваат медиумите од Бразил, ФИФА ќе мора да исплати фиксни 1,5 милиони евра за тешката повреда, но ќе мора да ја покрива и неговата плата се до моментот кога ќе се врати на терените. Според проценките, Ал Хилал од ФИФА треба да инкасира 7,5 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни