Поврзете се со нас

Свет

Ал Хилал ја доби пенал драмата, Роналдо остана без трофејот и во Кралскиот куп (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Alhilal_EN

Ал Наср долго време играше со негатива и фудбалер помалку, но во завршницата успеа да израмни и набрзина да дојде во ситуација да има играч повеќе во продолжението на дуелот со Ал Хилал во Кралскиот куп, кој на крајот, преку пенал завршница сепак му припадна на новиот шампион на Саудиска Арабија.

Александар Митровиќ донесе предност за Ал Хилал во првиот дел, а во продолжението, искусниот голман Оспина играше со раце надвор од шеснаесетникот, спречувајќи опасен напад на противникот, што беше доволно за црвен картон за Колумбиецот.

Ал Хилал ја одржуваше таа предност до финишот, но Јахија израмни во 89. минута, а кај противникот набрзина беа исклучени Кулибали и Ал Булајхи.

Со фудбалер повеќе Ал Наср не успеа да постигне гол во дополнителните 30 минути, па освојувачот на престижниот трофеј беше решаван на пенали.

Невеш отвори со нереализиран пенал, но Телјес возврати веднаш за да остане 0:0, а во шестата серија Ал Наср имаше клучен пенал за победа, но Буну го одбрани ударот на Ал Хасан. Во следната серија не реализираше Ал Немер, па тука започна славјето на Ал Хилал, предводено од Нејмар и Милинковиќ-Савиќ кои не беа во конкуренција поради повреди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни