Поврзете се со нас

Свет

Ал Етифак ја потврди разделбата со Џерард, Англичанецот се одјави со три реченици

Објавено

на

Foto:twitter.com/Ettifaq_EN

Веста која вчера се прошири во јавноста денеска доби и официјална потврда, а со соопштението на Ал Етифак, стана јасно дека соработката меѓу саудидскиот клуб и Стивен Џерард е приведена до самиот крај.

Лошата серија на резултати и желбата на Стиви Џи да си замина уште пред неколку месеци создадоа атмосфера која не е поволна за играчите, па така двете страни одлучиле дека најдобро решение е предвремена разделба.

Англиската фудбалска легенда на овој начин придодава уште едно лошо тренерско искуство во својата биографија, што сигурно нема да му помогне во потрагата на поелитен фудбалски клуб.

Џерард се задржа во Ал Етифак 18 месеци, а на заминување не пропушти да испрати порака за благодарност до водечките структури на клубот.

– Сакам да ја искажам мојата благодарност на водечките луѓе, на играчоте, на навивачите и на сите кои беа вклучени во проектот во ова време додека бев тука.

– Општо гледано, многу научив од мојот престој тука и сметам дека ова беше позитивно искуство за мене и моето семејство. За жал, фудбалот е непредвидлив и работите не одат секогаш онака какошто треба, – вели Џерард.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни