Поврзете се со нас

Македонија

Активно во Струмица: Брера го осигура потписот на столбот во одбраната (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkakademijapandev

Брера Струмица посебно се активнираше од стартот на оваа недела и третиот работен ден го искористи за трето соопштение, овојпат поврзано за играч кој веќе беше дел од тимот.

По ангажманите на Џибрил Дианеси и Марјан Ристовски од Вардар, Брера Струмица денеска информираше дека во првиот тим останува и човекот кој пристигна како големо засилување изминатава зима.

– Искусниот Драган Стојков од Струмица го продолжува договорот за нашиот прв тим откако во јануари ова година го облече зелено црниот дрес. Стојков важи за столб на играта на нашите првотимци и мотиватор на младите со оглед на неговото огромно искуство во домашните и странски фудбалски клубови.

– Во пролетниот дел од шампионатот, Стојков за Брера имаше 12 првенствени настапи при што имаше и една асистенција и тоа во дуелот со Брегалница од Штип.

– Во својата кариера дефанзивецот Драган има играно за клубови во Грција, Србија и САД. Од 2018 година повторно е дел од мак фудбалот и настапуваше за Беласица, Работнички, Тиквеш и Македонија ЃП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни