Поврзете се со нас

Светски првенства

Активист го прекина натпреварот на Данска, Јакобсен ги замени редарите во салата (Видео)

Објавено

на

Данска рутински си ја одработи задачата и ја забележа шестата победа на Светското првенство, откако вчера во натпревар без многу емоции ја совлада Чешка.

Актуелниот светски шампион без многу залагање извојува рутинска победа од 28:22, а за фановите во Хернинг најдраматичен момент беше кога еден активист влета на теренот.

Натрапникот се појави на теренот и со фрлање на конфети предизвика прекин на мечот, но целата ситуација стана интересна и поради реакцијата на данскиот селектор.

Николај Јакобсен реши да ги замени лицата за обезбедување и сам му пријде на активистот кој го прекина ритамот на неговиот тим, односно го оттурна од теренот и предизвика воодушевување кај публиката.

Како што пишуваат скандинавските медиуми, активистот кој го прекина натпреварот бил член на еколошка организација, која во последно време жестоко се бори против изградбата на нови автопати од владата на Данска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни